Економија 17.05.2018 10:49

Помфритот како контрасанкција на Русија кон САД

Помфритот како контрасанкција на Русија кон САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои воведоа санкции против Москва.

– Русија во 2017 година оствари увоз на помфрит од речиси 94 отсто, но почна да ја купува неопходната опрема за производство на локално ниво, изјави рускиот претседател на Националната унија за хортикултура Сергеј Королев.

Тој додаде дека новата опрема ќе овозможи производство на 110.000 тони помфрит годишно.

– Воведувањето ограничувања за увоз на замрзнат помфрит, според Унијата, не само што ќе ги поттикне домашните земјоделски производители кои се занимаваат со производство на суров компир, туку ќе придонесе и за зачувување на работните места во новоформираните компании за преработка и ќе ја зголемат безбедноста и квалитетот на производите, истакна Королев.

Првата фабрика за производство на помфрит е отворена во април. Се очекува дека домашното производство ќе го замени увезениот помфрит и целосно ќе ги задоволи потребите на земјата.