Актуелно 01.04.2019 15:16

Попов: По повод 1 април, светскиот ден на лагата му доделуваме на Зоран Заев пехар за најголем лажго на денешницата

Попов: По повод 1 април, светскиот ден на лагата му доделуваме на Зоран Заев пехар за најголем лажго на денешницата

Се наоѓаме пред седиштето на СДСМ – Палатата на лагата. Овде сме да му го честитаме 1 април, светскиот ден на лагата, на најголемиот лажго на денешницата – Зоран Заев. Тој е политичарот кој се колнеше во дедовината, кој велеше дека додека дише нема да го смени уставното име на државата, молеше да не му се чепка жицата кога станува збор за Македонија, за само по неколку месеци без око да му трепне спротивно на волјата на граѓаните да го промени уставното име, изјави членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов кој потенцираше:

Тој вети дека граѓаните ќе имаат 500 евра просечна плата и излажа. Вети 600 километри нови автопатишта, излажа. Заев вети 100.000 денари плата за лекарите и излажа. Вети поврат на 15% ДДВ, излажа. Зоран Заев вети бесплатно болничко лекување за сите, излажа.

-Зоран Заев вети изградба на студентски град во првите шест месеци од нивниот мандат и излажа. Тој вети подобрување на стандардот кај младите. Младинската невработеност во Македонија со над 50% е највисока во регионот, потенцираше Попов и додаде:

„Зоран Заев вети намалување на сиромаштијата, а СДСМ преку соопштение призна дека бројот на граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија од 400.000 во времето на ВМРО-ДПМНЕ е порасна на 500.000, откако е СДСМ на власт. Листата на лаги е преголема за може да се собере на еден лист хартија. Токму затоа по повод најмногу искажани лаги за период од две години му доделуваме на Зоран Заев пехар за најголем лажго.“