Мозаик 08.01.2019 13:20

Порасна просечната плата во Хрватска

Порасна просечната плата во Хрватска

Просечната нето плата во Хрватска, исплатена во октомври 2018 година изнесуваше 6.281 кунa односно 846 евра. На годишно ниво тоа е реално зголемување за 2,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на септември, просечната исплатена нето плата е поголема за 0,8 отсто, пренесува Хина.

Најголема просечна нето плата во октомври имале вработените по воздухопловниот сообраќај од 1.512 евра, а најниска од 556 евра вработените во секторот на услужни дејности.