Некатегоризирано 28.03.2019 13:35

Посилниот пол повеќе страда

Посилниот пол повеќе страда

Кога станува збор за прекинување, мажите го проживуваат многу потешко од жените – покажало истражување…
Дами, ако сте мислеле дека вие сте „оштетената“ страна, знајте дека не е така.Кога станува збор за раскинување, мажите многу потешко го проживуваат од жените – покажало истражување чии резултати се објавени на британскиот сајт Singles Elite.
Испитаниците во најголем број признале дека во еден момент од животот страдале поради љубов, но меѓу оние кои раскинувањето го доживеале многу болно биле дури 25 проценти повеќе од посилниот пол.

Психологот Вибке Неберич тоа го објаснил на следниот начин:

Најчесто жените превземаат иницијатива за раскинување, па тие тогаш се изненадуваат. Мажите исто така имаат тенденција да ги преувеличуваат чувствата кои кон нив ги гаат нивните партнерки, а познато е дека кој лета високо ниско паѓа. Додека трае врската жените се трудат околу партнерот и односот, се обидуваат да ја сочуваат романтиката и страста, повнимателни се и попосветени. Од друга страна, момците престануваат да бидат лежерни дури кога девојката ќе ги остави. Тогаш стануваат свесни што имале и што прокоцкале, но тогаш, во поголемиот број на случаи, е предоцна за поправен.