Актуелно 12.06.2024 10:20

Поскапеa лебот на кришки, переците и кифлите

Поскапеa лебот на кришки, переците и кифлите

Лебот на кришки од Жито Лукс од пред една недела наместо за 30 денари се продава за 34 денари. Од вчера и другите помали пекарници доставиле нови ценовници до трговците со иста цена. За новата цена нема оправдување од нивна страна.

Мерките на Владата за гарантирана цена на белиот леб од 500 грама со кои беа замрзнати до март, престанаа да важат. Сега производителите може слободно да ја формираат цената.

Дел од малите пекари ја зголемиле и цената на переци кои сега чинат 40 денари, а има нови цени и на кифли и ѓеврек. Засега останува иста само цената на питите и бурекот. Тие се продаваат за цена од 80 до 100 денари за четвртина.

Пред еден месец претседателот на Агрокомората при ССК, Горан Георгиевски рече дека цената на лебот засега ќе биде стабилна, но по направените анализи на берзанските цени на пченицата ќе видат дали ќе има поскапување.