Од вечерва по полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати. Дизел горивото поскапува за 2,5 денари за литар, бензинот од 98 октани за 2 денари, додека „обичниот“ бензин поскапува за 1,5 денари за литар. Поскапуваат и нафтата за домаќинствата и мазутот.
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензи Еуросупер БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,720 (денари/килограм)
Од РКЕ велат дека нафтените деривати во изминатите денови се со зголемена цена на светските берзи.