Мозаик 18.12.2018 11:23

После колку време сме подготвени да кажеме: „ТЕ САКАМ“?

После колку време сме подготвени да кажеме: „ТЕ САКАМ“?

Колку денови / недели треба да поминат пред да сме подготвени да спиеме со некого, да го фатиме за рака или да му кажеме: „Те сакам“? Еве што покажа истражувањето!

Познатата веб-страна специјализирана за запознавање на љубовните партнери спроведе истражување со повеќе од 2.000 мажи и жени во Велика Британија. Нивната главна цел беше да ги откријат љубовните навики на двојките и да го истражат вистинското време за превземање на клучни чекори во врската.

До какви заклучоци дојдоа?

Повеќето испитаници признале дека чекале пет месеци пред за прв пат да му кажат на партнерот „Те сакам“. И покрај тоа што долго чекаат пред  да ги признаат своите длабоки емоции, истото истражување покажало дека една третина од испитаниците до првиот сексуален однос дошле две недели откако се запознале, додека првото држење за раце во 34% од случаите се случило само после првиот секс.

Истражувањето покажа дека повеќето двојки прават веридба по две години врска, свадба по три години, а родители стануваат по четири години заедничка љубов.