Актуелно 17.11.2023 12:54

Потпишан Меморандумот за брзата пруга: Од Ниш до Скопје со 120 километри на час

Потпишан Меморандумот за брзата пруга: Од Ниш до Скопје со 120 километри на час

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и македонскиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, го потпишаа Меморандумот за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе бараат средства од Европската унија.

Пругата ќе се модернизира и електрифицира за брзина од 120 километри на час. Како што претходно посочи српскиот министер, во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе проектираат околу 50 километри од границата до Скопје.

На овој чин присуствуваа премиерите на Србија и на Македонија, Ана Брнабиќ и Димитар Ковачевски.

Српската премиерка рече дека потпишаниот меморандум, како и вчерашниот отворен саем „Винска визија Отворен Балкан“ придонесува за подобрување на односите меѓу двете пријателски земји.