Актуелно 17.07.2025 08:52

Потпишување на меморандум за разбирање меѓу Владата и Македонски телеком

Потпишување на меморандум за разбирање меѓу Владата и Македонски телеком

Во Владата денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес и со Доминик Лерој, член на Одборот на директори за Европа по што ќе биде потпишан меморандум за разбирање.

Меморандумот ќе го потпишат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и главниот извршен директор на „Македонски телеком“, Горан Марковиќ кои по потпишувањето ќе одржат и прес-конференција.