Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва ќе гостува во телевизија 24 Вести каде ќе има дуел со Никола Димитров.
-Вечерва од 20:45 на ТВ 24 Вести ќе имаме дуел со Никола Димитров на повеќе актуелни теми.
Ќе имаме дуел за обезличувањето на Македонија, за урнисаната економија, за катастрофалната реализација на реформите, за катастрофалните политики и лагите на Владата. Ќе дебатираме и за скандалот со аферата Рекет и криминалот и огромната корупцијата на оваа Влада . Следете го вечерашниот дуел, време е да се соочат аргументите, стои во неговиот пост на Фејсбук.