Актуелно 19.04.2019 20:57

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски порача: ВМРО-ДПМНЕ е народот, а пак народот е МАКЕДОНИЈА!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски порача: ВМРО-ДПМНЕ е народот, а пак народот е МАКЕДОНИЈА!

Во пресрет на изборниот молк кој започнува од полноќ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил порача: ВМРО ДПМНЕ е народот, а пак народот е МАКЕДОНИЈА!

Во продолжение Ви гопренесуваме во целост неговиот Фејсбук статус:

ВМРО ДПМНЕ е народот, а пак народот е МАКЕДОНИЈА!??

Поминавме насекаде низ нашата мила татковина со една цел и една идеа, а тоа е ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА!!!

Благодарност до секој еден член и симпатизер на ВМРО ДПМНЕ што се сплоти и ја даде својата енергија за организацијата и за татковината, но најголемата благодарност до сите граѓани што ни ги отворија портите и домовите, бидејќи со таа енергија, позитивен коментар, тоа добредојде а секако и критика, ВМРО ДПМНЕ се врати таму каде што припаѓа, а тоа е меѓу народот, на улиците, маалата, селата и градовите. ВМРО ДПМНЕ се сплоти и уште повеќе ќе зајакува бидејќи со целиот терор и прогон што го направи оваа власт не направи уште посилни и обединети.

НЕКА ИЗГРЕЕ ЗОРАТА НАСЕКАДЕ!!

ГЛАВАТА ГОРЕ МАКЕДОНЦИ ДОАЃААТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА!!!??????

ПОБЕДУВАМЕ!!!