Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од 2,8 отсто во следните 12 месеци, покажува истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за мај.
Резултатот покажува дека очекувањата за потрошувачката инфлација се пониски во однос на април, кога беа 2,9 отсто, а во исто време и најниски од септември 2021 година.
Граѓаните на еврозна очекуваат инфлација од 2,3 отсто во следните три години, исто така благо намалена од 2,4 отсто во април, според веб-страницата на ЕЦБ.
Потрошувачите веруваат дека нивниот номинален приход ќе порасне за 1,2 отсто во следните 12 месеци, односно значително побавно од стапката на инфлација.
Анкетираните граѓани од еврозоната очекуваат благ економски пад од 0,8 отсто во следната година, како и невработеност од 10,7 отсто.