Актуелно 01.02.2020 11:20

Повеќе скопски населби во понеделник и вторник без струја- некој населени места без електрична енергија и до 8 часа!

Повеќе скопски населби во понеделник и вторник без струја- некој населени места без електрична енергија и до 8 часа!

ЕВН најави дека на деновите 03.02.2020 год. (понеделник) и 04.02.2020 (вторник) неколку скопски населби ќе останат без електрична енергија.

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека за ден 03.02.2020 год. (понеделник) се планирани следните технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. Саса – подулици 2 и 4 (спроти градинката во нас. Пинтија). (Општина Кисела Вода

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот корисниците од улиците Серска и Чедомир Кантарџиев. (Општина Кисела Вода)

Во периодот од 10:30 до 15:00 часот корисниците од делови од улиците Богомилски Поход и Тодор Чангов. (Општина Аеродром)

Од „ЕВН Македонија“ АД е известуваат дека за ден 04.02.2020 год. (вторник) се планирани следните технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул. Тодор Чангов – подулица 48 и околните подулички. (Општина Аеродром)

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот корисниците од с. Нова Брезница – делот од селото под селската чешма. (Општина Сопиште)

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров).