Двајца од повредените во големата сообраќајка во моментов се во многу лоша здравствена состојба. Приклучени се на респираторна машина и имаат повреди на повеќе системи.
Најголемите повреди кои ги имаат се на главите, но проценето е дека нема потреба во моментов од хирушка интервенција.
Еден од нив има сериозна повреда на мозокот и лицевите коски, како и контузии на белите дробови.
И другите хоспитализирани се со повреди од повеќе видови. Дел од нив имаат повреди на градниот кош и на стомакот.
Докторите се собрани да донесат одлука за младата пациентка која е сместена на клиника со повреда на ногата. Повредите се сериозни, ногата е целосно згмечена. Една од опциите е нејзината нога да се амутира.
Двајца од повредените се префрлени на Интензивна нега. Станува збор за 15-годишно момче и 40-годишен маж, чија состојба се влошила вчера, Двајцата почнале да губат кв, па биле внесени во операциона сала.
Момчето по полноќ е оперирано по повреда на црн дроб. Крварењето во абдоменот е сопрено и операцијата поминала успешно.
40-годишникот имал повреда на дел од тенкото црево. Направена е ресекција. Двајцата во моментов се во стабилна состојба и дишат самостојно.