Во врска со девојката која имаше компликација, тромбоза на едната вена на окото, по вакцинацијата со АстраЗенека министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција потенцираше дека таа се чувствува добро и денеска ќе биде пуштена на домашно лекување.
– Очекуваме овој месец да стигне значајна количини вакцини од сите производители и согласно националениот план да бидат распределени по возрасни групи и за вработени кои имаат голем ризик да заболат и согласно тоа вакцинацијата да продолжи и во здравствените домови и во салата „Борис Трајковски“. Апелирам граѓаните да ги почитуваат новите мерки. Одговорноста е исклучително битна и само така ќе имаме ситауција бројките значајно да се намалат во следниот период и за што пократко време излеземе од овој трет бран, додаде Филипче.