Актуелно 21.11.2018 11:58

Пред 23 години беше потпишан Дејтонскиот договор

Пред 23 години беше потпишан Дејтонскиот договор

Денеска се навршуваат 23 години откако во американската база Рајт Петерсон во Дејтон беше парафиран Општ рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина и неговите 12 анекси, со што е ставен крај на војната во една од поранешните републики од СФРЈ и воспоставен нејзиниот уставно-правен поредок.

Дејтонскиот договор, по тринеделни преговори, го парафираа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ и на Хрватска, Фрањо Туџман.

Договорот е парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, а покрај него, главни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк. Дејтонскиот договор официјално е потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз.

Со Дејтонскиот договор создадена е државна заедница на БиХ составена од два ентитети, Република Српска и Федерација на БиХ.

Најнови вести