Актуелно 14.02.2021 11:40

Пред 67 години: Ова е најниската температура измерена некогаш во Македонија

Пред 67 години: Ова е најниската температура измерена некогаш во Македонија

Студено утро во цела земја, со врнежи од снег и температура измерена меѓу минус 18 и минус шест.

Најстудено со -18 било на Попова Шапка, во Маврово и Крушево се измерени -15, минус 11 во Берово, и Охрид, -10 Крива Паланка, Прилеп, Битола, Претор и Дебар, -9 Штип, Тетово и Куманово, -8 Скопје, -7 Струмица и Демир Капија и -6 во Гевгелија.

Инаку според податоците на Управата за хидрометеоролши работ, најниската температура измерена некогаш во Македонија, е измерена на 27-ми јануари 1954 година во Берово кога се измерени минус 31,5 Целзиусови степени Целзиусови.

Оваа температура е евидентирана како најниска во Македонија од 1925 година наваму, откако се регистрираат податоците.

Во текот на денот не очекува облачно и многу студено со врнежи од снег и умерен ветер претежно од северозападен правец. Врнежи од снег ќе има особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена.

Во Скопје времето облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени.