Пред две години и започнаа болките: Никогаш не откри во јавноста за проблемот, но Карлеуша за своето здравје се бори како лавица!
Јелена Карлеуша пред две години морала помош да побара од лекарите откако болката и била неподнослива, па дури и истата и ги пореметувала дневните активности.
„Јелена целиот живот ја мачи мигрената, па мислела дека интензивната болка во вратот и долниот дел од рбетот и како последица од тоа. Но. Кога сфатила дека нешто сериозно не е во ред со нејзината кичма им се обрати на лекарите кои останале во шок откако ги прегледале рендгенските снимки“, вели извор за српскиот магазин „Стори“.
Тој додава дека рскавицата помеѓу вратниот пршлен е истрошен и пејачката мора веднаш да започне лекување кое во овој случај е многу комплицирано.
Српската пејачка пак Лепа Брена откако го дознала ова, веднаш и го препорачала својот доктор на Карлеуша.
-Да и го препорачав. И реков како и што мора да прави, ја посоветував да го контактира мојот лекар. Јелена е голем борец и верувам дека ќе оздрави, вели Брена.