Финансии 13.06.2018 14:03

Пред решението за името, македонската берза „цути”

Пред решението за името, македонската берза „цути”

За 263 проценти пораснал прометот на Македонска берза во првите пет месеци од годината споредено со истиот период лани. Кај акциите има зголемување за 39, на обврзниците за 180, а кај блок трансакциите за над 1.000 проценти.

 

Според податоците на Македонска берза во овој период најмногу тргувале  домашни поединци и фирми, а странците речиси кои биле застапени со помалку од еден процент биле физички лица.

Најинтересни за вложувачите според Берзата се банките кои предначат во добивките, а најголема загуба е забележана во индустријата.

„Банките се главни носители на нето добивката. Во првиот квартал најголема добивка од по околу 16 милиони евра имаат Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје и ваквата состојба е поврзана со случувањата во Фени“ – велат од Македонска берза.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски телеком со 6,2 милиони евра, Мермерен комбинат со 4,5 милиони евра, Алкалоид со околу 4 милиони евра, Охридска банка 3,2 милиони евра, Цементарница УСЈЕ 1,5 милиони евра, Макпетрол 1,2 милиони евра и УНИ банка 1 милион евра. Овие 10 компании оствариле нето добивка во првиот квартал од над 70 милиони евра.

Од Македонска берза, велат дека е добро што прометот расте, но што истовремено се чувствува воздржансот од страна на дел од инвеститорите, што ја поврзуваат со актуелната политичка состојба и неизвесноста од решавањето на спорот со името.