Актуелно 01.02.2024 10:44

Пред тутунарите е нова тешка година, од 15 милиони тони откупени само 7 тони

Пред тутунарите е нова тешка година, од 15 милиони тони откупени само 7 тони

Дел од нив го бојкотираат откупот на тутунот, поради како што велат, ниска цена од 330 денари за килограм.

Тие бараат да им се плати за трудот, а дел од компаниите начелно се согласиле на ваквото барање, односно откупната цена да им се зголеми за 30 денари. Рокот за откуп е до крајот на февруари, а досега од произведените 15-тина милиони тони , што е енормно намалување споредбено со минатата година, откупени се само 7 милиони килограми.

Дополнителниот заменик минстер за земјоделство, Цветан Трипуновски, веќе имал средба со откупувачите, и верува во надминување на ваквите проблеми.

Доколку продолжи ваквиот тренд на намалување на производството на тутун, тогаш оваа гранка ќе биде доведена на раб на егзистенција, апелираат од Националната земјоделска мрежа. Нивниот став е дека откупната цена на тутунот да биде многу повисока од досегашната.

Инаку, во Македонија има околу 100 илјади производители на тутун, а нивниот број од година во година забрзано се намалува. Младите веќе не се заинтересирани да произведуваат тутун, а селата се празнат и нема кој да ја одржува оваа гранка, велат од Националната мрежа.

Тие апелираат – државата да посвети сериозно внимание на тутунопроизводителите, за оваа гранка да застане на здрави нозе. ()