Европската Унија издаде строго предупредување до италијанската влада дека зголемувањето на трошоците и буџетскиот дефицит може да предизвика конфликт со Брисел.
Владата се согласи на буџетски дефицит од 2,4 отсто во наредните три години и покрај предупредувањето од Европската комисија да го намалат трошењето. Тој број ги надминува за 0,6 проценти прогнозите на претходната влада на левичарскиот центар, и е блиску до ограничувањето на ЕУ од 3 проценти.
Договорениот дефицит ќе го зголеми веќе високиот јавен долг на Италија, кој моментно изнесува 131% од домашниот производ. Тоа е најголемиот долг во еврозоната по грчкиот долг и е далеку над ограничувањето на ЕУ од 60 отсто. Миланската берза денес ослабе за речиси два проценти, а каматата на италијанските државни обврзници ја надмина симболичната граница од 3 отсто.
Потпретседателите на италијанската влада Матео Салдини и Луиџи ди Мајо го поздравија договорот за буџетот, кој беше постигнат во последен момент.