Економија 01.10.2018 19:53

Предупредување до италијанската влада од ЕУ за можен конфликт со Брисел

Предупредување до италијанската влада од ЕУ за можен конфликт со Брисел

Европската Унија  издаде строго предупредување до италијанската влада дека зголемувањето на трошоците и буџетскиот дефицит може да предизвика конфликт со Брисел.

Владата се согласи на буџетски дефицит од 2,4 отсто во наредните три години и покрај предупредувањето од Европската комисија да го намалат трошењето. Тој број ги надминува за 0,6 проценти прогнозите на претходната влада на левичарскиот центар, и е блиску до ограничувањето на ЕУ од 3 проценти.

Договорениот дефицит ќе го зголеми веќе високиот јавен долг на Италија, кој моментно изнесува 131% од домашниот производ. Тоа е најголемиот долг во еврозоната по грчкиот долг и е далеку над ограничувањето на ЕУ од 60 отсто. Миланската берза денес ослабе за речиси два проценти, а каматата на италијанските државни обврзници ја надмина симболичната граница од 3 отсто.

Потпретседателите на италијанската влада Матео Салдини и Луиџи ди Мајо го поздравија договорот за буџетот, кој беше постигнат во последен момент.