Мозаик 02.07.2018 11:50

Предупредување за туристите во Италија кои може да добијат казна дури до 7.000 евра

Предупредување за туристите во Италија кои може да добијат казна дури до 7.000 евра

Туристите во Италија, доколку пазарат што било од уличен продавач, ризикуваат да добијат казна и до 7.000 евра.

Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, предупредил дека годинава канзите за уличните продавачи, но и за оние кои купуваат од нив, ќе бидат построги, па така продавачите на државата ќе мора да и платат од 2.500 до 15.500 евра.

Туристите кои ќе платат услуга на уличен продавач и така ќе ги поттикнат на заработувачка, без разлика дали е во прашање масажа на плажа или привремена тетоважа, исто така може да се соочат со сериозни последици.

Лани од илегални мигранти и други продавачи била запленета роба во вредност од 265 милиони евра, заради што годинава мерките се значително проширени.