Пријатно изненадување за добредојде на секој нов член во семејството клиенти што примаат плата преку Комерцијална банка. Со префрлање плата во Комерцијална банка добиваш бонус до 3.000 денари.
Оваа нова и атрактивна понуда вклучува значајни привилегии:
Бонус за добредојде – 1.000 денари по прием на прва плата до Нова година,
Бонус после 3 примени плати на сметката – 1.000 денари,
Бонус доколку активираш нова кредитна картичка до 31.10.2023 – 1.000 денари.
Префрлањето плата во Комерцијална банка не значи само сигурен потег и топло добредојде, туку и избор на банка која те поддржува во твоите желби и потреби.
Добро е да знаеш дека кога ти треба може да располагаш и со дополнителна готовина преку дозволено пречекорување, кредитна картичка, СМАРТ кредит или ненаменски потрошувачки кредит. А, можеш и да се заштитиш од неможност за отплата на кредит со вклучено осигурување при избор на кредитот што ти треба.
Потоа, да активираш бесплатно бројни дигитални услуги – Интернет банка, мБанка, Google Pay, електронска идентификација преку OneID, Плати на пријател, кои ти штедат време и пари при извршување на секојдневните финансиски транскации.
Или да ја користиш широката мрежа на банкомати, филијали и експозитури и дигитални киосци на Комерцијална банка.
Да се биде дел од семејството на Комерцијална банка значи стабилност, но дефинитивно и многу привилегии.