Во тензична атмосфера Талат Џафери вечерва ја прекина седницата на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски. Тој истата ја прекина две минути после полноќ и најави дека за продолжение дополнително ќе извести иако продолжението е неизвесно бидејќи истече рокот од три дена за одлука по барањето на судот за одземање на имунитетот на Велјаноски.
Претходно по барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски беше побарана пауза од еден час која Џафери ја скрати на само 15 минути.
Во продолжението на седницата настана тензична атмосфера каде пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваа од паузата која им следува од 1 час според Деловникот при што истече рокот според кој во рок од 3 дена требаше Собранието да одлучи по барањето на судот за одземање на имунитетот на Велјаноски.