Актуелно 20.06.2018 13:37

Преку АД ЕЛЕМ се извршија најсомнителните набавки на картелот кој е на власт

Преку АД ЕЛЕМ се извршија најсомнителните набавки на картелот кој е на власт
????????????????????????????????????

Владата на СДСМ е синоним за криминал и корупција. Криминалниот картел е се’ само не отчетен и транспарентен, велат oд ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ги продаваат македонските национални интереси и во исто време вршат економски пустош. Министерството за здравство, АД ЕЛЕМ и СОЗР се институциите преку кои се извршија сомнителни тендери и се врши набавка на скапи јадења. Парите на граѓаните се трошат на милионски набавки, за кои однапред се знае која фирма ќе ги добие. Министерството за здравство е министерство преку кое се извршуваат сомнителни набавки од фирми чија управа е во роднински врски со раководни лица на болници. АД ЕЛЕМ е компанија преку која се извршија најсомнителните набавки на криминалниот картел. Договори во четири очи за милионски набавки за ископ на јаглен, договори во четири очи за набавка на работници и договори за превоз на руда на кои како превозник се јавуваат фирмите на Заеви, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека АД ЕЛЕМ е претпријатието преку кое Кочо Анѓушев доби тендер од 2.6 милиони евра. АД ЕЛЕМ е синоним за партизација и испреплетеност на партијата и државата.

– Смешно е за транспарентност и отчетност да зборува директорот на СОЗР, кој набргу по стапувањето на функција објави тендер за набавка на замрзната риба, октоподи и други морски плодови во висина од 400.000 денари. Криминалниот картел не работи за граѓаните. Криминалниот картел работи на штета на граѓаните и државата. Овој криминал не смее да продолжи. Државата мора да се врати на правиот пат. Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи, се наведува во соопштението.