Актуелно 11.03.2019 12:34

Преку програмите на Еразмус+ организирана теренска пракса на кандидати и наставен кадар од приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“

Преку програмите на Еразмус+ организирана теренска пракса на кандидати и наставен кадар од приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“

Преку програмите на Еразмус+ организирана е теренска пракса и обука на кандидатите и наставниот кадар од приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“- Скопје.

Дел од активностите на Приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“- Скопје се подготовките на Европските проекти преку програмата на ЕРАЗМУС+ КА1.

Благодарение на долгогодишната соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+, проектите К1, кандидатите и наставниот кадар имаа можност да ги посетат стручните училишта и центри во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат,преку проектот „Practice and Management for hair stylism, fashion stylism and make up“ КА1 регистарски број 2018-1-МК01-КА102-046881.

Првата посета се реализира во период од 17.01. до 02.02.2019 година, со посета на училиштето во Рига, Латвија „Riga Style and Fashion Technical School“. На оваа мобилност беа 10 кандидати и едно придружно лице.