Банкарство 22.10.2024 12:04

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Доколку сте еден од оние кои веќе ги користат придобивките од безготовинското плаќање, кои често патуваат и преферираат да купуваат онлајн, а сакате дополнителни бенефити тогаш премиум Mastercard World Debit картичката издадена од УНИБанка АД Скопје е токму за вас.

Одличен избор за луѓе кои се самоуверени, кои знаат што сакаат и сакаат да го живеат животот со полни гради. Корисник на Mastercard World Debit картичката може да биде секое полнолетно физичко лице, со статус резидент или нерезидент.

Со Mastercard World Debit картичката бројот на бенефити е навистина голем. Добивате поврат на средства (Cashback) во висина од 0,4% од износ на трансакција за плаќање на ПОС уред и онлајн на платежната сметка со која е поврзана картичката. Се добива можност и за неограничен број на бесплатни трансакции преку електронско и мобилно банкарство ( интерни плаќања, КИБС и МИПС), како и за бесплатно повлекување готовина од сите расположливи банкомати во земјава.

Со Mastercard World Debit картичката издадена од УНИБанка заедно со уште еден придружник имате бесплатен Airport Lounge Access на аеродромите во Скопје, Виена, Софија, Белград и Истанбул. Па така за оние кои често патуваат можноста бесплатно да се влезе во Airport Lounge Access (премиум аеродромскиот клуб) е навистина привилегија. Овде, независно дали авионот доцни или не, времето кое ќе го поминете е вистинско уживање. Имате богат избор на храна на шведска маса, широка премиум понуда на безалкохолни и алкохолни пијалоци, можност за опуштање на комотни софи, едноставно да се чувствувате како ВИП патници.

Добивате бесплатна стикер картичка, не плаќате надомест за месечна членарина за картичката, а добивате и бесплатни УНИСМС известувања. Притоа се обезбедени највисоките 3D-Secure стандарди за безбедни купувања преку интернет.

Бидете дел од клубот на привилегираните. Вистинските избори се карактеристика на добрите деловни луѓе. Да се поседува Mastercard World Debit од динамична и модерна банка како што е УНИБанка АД Скопје, е повеќе од оправдана одлука, но и истовремено награда за се она што досега сте го пoстигнале.