Од досегашните 50.000 дозволени работници, Германија одлучи да го намали бројот на годишни влезни дозволи на 25.000 за граѓаните од Македонија и од останатите балкански земји.
Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена, а многу сектори, вклучително и градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно. Покрај тоа, значителен број Украинци кои поради војната се преселија во Германија добија право на престој и работа, што дополнително влијаеше на вработувањата на работници од Балканот.