Актуелно 24.03.2020 18:25

Преседан: Македонија доби „зелено светло“ за почеток на преговори со ЕУ, но без конкретен датум

Преседан: Македонија доби „зелено светло“ за почеток на преговори со ЕУ, но без конкретен датум

Веста со која денеска sе соочи Македонија е дека Советот на ЕУ, по 11 години калкулации и непримерни вета, конечно даде зелено светло и дозволи отпочнување на пристапните преговори со нашата држава.

Сепак, реално, Македонија доби „датум без дата“, односно за прв пат во дејствувањето и праксата на ЕУ се случи преседан, дадоа зелено светло за преговори, но без конкретен датум, како што редовно се одвиваше процесот во минатото.

Првата препорака Македонија ја доби уште во далечната 2009-та година, кога Европската Комисија за првпат препорача дека државата е подготвена за преговори. Истата таа 2009-та Советот на ЕУ не ја прифати препораката за нашата земја.

Следуваа 11 години калкулации, една година не ни добивме Извештај од ЕК на ЕУ поради протестите и партијската т.н. „шарена револуција“ на СДСМ, за да во 2020-та конечно добиеме одобрување на почеток на пристапните преговори со ЕУ.

За потсетување, Заев, Димитров и Османи, кои денеска се фалеа на прес-конференција во Влада со истата, излажаа уште во 2018-та дека добивме датум за преговори со ЕУ.

Суровата реалност, сепак, е дека Македонија ни денеска не доби конкретен датум за преговори, туку само зелено светло за почеток на преговорите, без конкретен датум.

Самиот еврокомесар за проширување и добрососедска политика, Унгарецот Оливер Вархеји, тоа го потврди во својата честитка, во која напиша:

Зелено светло за С. Македонија и Албанија од ЕУ за отворање на пристапни преговори, без  конкретен датум, но набргу штом ЕК ја состави маршрутата и временската рамка. Македонија првпат доби препорака во 2009-та.“ („  Green light for #Albania & #Macedonia from EU for opening accession negotiations, without concrete date, but as soon as the Comission establishes roadmape and timeframe. Macedonia got the first recommendation back in 2009…)

Денеска Макеоднија доби пристапни преговори без конкретен датум, што е преседан во досегашното отворање пристапни преговори. Досега, датумот беше неминовен дел од преговорите. За потсетување, кога Црна Гора доби датум во заклучоците на истиот Совет на ЕУ пишуваше:

„Советот на ЕУ одлучи да отпочне пристапни преговори со Црна Гора на 29 јуни 2012. година…“