Акциите на германската хемиска и фармацевтска компанија „Bayer“ поевтинија со до 12% во понеделникот. Причината е изненадувачката пресуда во САД: производителот на семиња „Monsanto“ кој беше купен од „Bayer“, беше осуден во петокот да плати на човек заболен од рак надомест во износ од 289 милиони долари. Акциите на „Bayer“ достигнаа најниското ниво по повеќе од две години и беа најголем губитник во водечкиот германски индекс „Dax“.
Причината за драстичното пропаѓање на цените се стравувањата за дополнителни тужби и санкции. Процесот во САД е првиот, кој се занимава со прашањето дали глифозатот може да предизвика рак. „Monsanto“ кој „Bayer“ го купи за околу 63 милијарди долари, е исправен пред повеќе од 5.000 слични случаи во САД.
„Ова создава огромна несигурност“, вели брокер. „Не станува збор за износот што треба да биде платен, туку за фактот дека сега се очекуваат многу повеќе дела“.
Поротата утврди во петокот дека „Monsanto“ носи одговорност за тоа што хербицидот на компанијата, базиран на глифозат, вклучувајќи го и брендот „Roundup“, предизвикува рак.
Според поротата „Monsanto“ пропуштила да предупреди за опасностите за болниот маж и другите корисници за ризиците од предизвикување на рак од својот хербицид. Оштетената страна Девејн Џонсон користел „RoundUp“, производ за заштита на растенијата, основан на глифозат, како заштита против штетниците во училишта до 30 пати годишно. 46-годишниот маж обвинува компанијата дека е болест од малигнитет на лимфниот систем поради употребата на супстанцијата.
Од „Monsanto“ објавија на крајот на претходната работна недела дека ќе поднесат жалба за паричната казна. „Денешната одлука не го менува фактот дека повеќе од 800 научни истражувања и рецензии го поддржуваат фактот дека глифозатот не предизвикува рак“, се вели во соопштението на компанијата.