Синоќа иранскиот претседател Хасан Рохани упати критики кон Вашингтон поради „непријателската политика“ кон Техеран, оценувајќи дека американскиот пристап е осуден на пропаст.
Рохани обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединети нации ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за „економски тероризам“, како и за планирање за соборување на иранската влада.
Тој, исто така, ја отфрли идејата за одржување на билатерални разговори со Вашингтон и уверуваше дека Иран ќе ги надмине санкциите.