Актуелно 26.09.2018 09:40

Претседател Рохани со критики до Трамп за „економски тероризам“ врз Иран

Претседател Рохани со критики до Трамп за „економски тероризам“ врз Иран

Синоќа иранскиот претседател Хасан Рохани  упати критики кон Вашингтон поради „непријателската политика“ кон Техеран, оценувајќи дека американскиот пристап е осуден на пропаст.

Рохани обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединети нации ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за „економски тероризам“, како и за планирање за соборување на иранската влада.

Тој, исто така, ја отфрли идејата за одржување на билатерални разговори со Вашингтон и уверуваше  дека Иран ќе ги надмине санкциите.