Актуелно 30.07.2018 13:14

Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево

Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево

Претседателот Иванов ги повика граѓаните на 2 август да дојдат на Мечкин Камен во Крушево на државната прослава на Илинден каде што тој ќе има свое обраќање.

Тој испраќајќи ги коњаниците во петокот, потенцираше дека слободата не се освојува еднаш, туку секој ден и постојано.

– Ја користам оваа прилика, во предвечерјето на нашиот најголем и најсветол празник Илинден, да упатам еден повик. Ги повикувам македонските граѓани од сите краишта на нашата татковина Република Македонија, во што поголем број да дојдат во Крушево. Да дојдат во нашата прва македонска република, да се искачат на Мечкин Камен, за заедно да ги пречекаме овие храбри и посветени коњаници. Да ги пречекаме и да го поздравиме нивниот истраен и незапирлив марш кон слободата. Бидејќи слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг и низ секој изгрев што нè осветлува – порача Иванов.

Најнови вести