Актуелно 09.03.2019 12:03

Претседателот на ЕП: Брегзит може да се одложи најмногу за неколку недели

Претседателот на ЕП: Брегзит може да се одложи најмногу за неколку недели

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, рече дека е од клучно значење да се спречи хаотичен излез на Велика Британија од ЕУ.

„Тврдиот“ брегзит ќе биде катастрофа за британската економија и исто така ќе и наштети на Европската унија, тврди Тајани во интервју за германски весници од групата „Функе“. Тој истакна дека напуштањето на Велика Британија на ЕУ планирано за 29 март може да се одложи за најмногу неколку недели.

Во вторник, Долниот дом на британскиот Парламент ќе гласа по вторпат за договорот на британската премиерка Тереза Меј. Доколку Долниот дом повторно го отфрли договорот, како што тоа го стори во јануари, ќе мора да одлучи в среда или четврток дали сака напуштање на ЕУ без договор или кратко одлагање на брегзит.