Актуелно 14.02.2019 15:01

Претседателот на Претседателството на БиХ изрази сочувство за несреќата

Претседателот на Претседателството на БиХ изрази сочувство за несреќата

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик му изрази сочувство на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов поради тешката сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, во која загинаа 14 лица.

-Сите ние во БиХ сме длабоко потресени од тажната вест за оваа страшна несреќа и смртта на голем број граѓани. Ве молам на семејствата на загинатите да им пренесете изрази на сочувство, а на повредените граѓани искрени желби за што е можно побрзо закрепнување, се вели во телеграмата со сочувство Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.