Претседателот на Венецуела Николас Мадуро со криптовалута ја спасува земјата од хиперинфлација.
Мадуро ја воведе криптовалутата петро и ја прогласи за национална валута, па така во оваа земја од 20. август ќе се користат две валути. Вредноста на боливар и петро ќе биде иста.
Со залихите на нафта се гарантира стабилноста на петро. Тоа е нешто слично како што другите валути се потпираат на златото.
Нафтената индустрија ќе мора да користи петро, и оваа валута ќе биде врзана со боливарот.
Вредноста на двете валути ќе ја одреди Централната банка.