Актуелно 02.12.2019 20:39

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со Асоцијацијата на проект менаџери

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со Асоцијацијата на проект менаџери

Денеска, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, заедно со Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Гоце Димовски  остварија средба со претседателот на Асоцијацијата на проект менаџери, Александар Наумовски.

На средбата беше дискутирано за  барања кои ги има оваа асоцијација, а се со цел поуспешно да функционира и да придонесе за доброто на сите граѓани во Република Македонија.

-Едно од барањата се однесува во однос на самата администрација. Од асоцијацијата сметаат дека треба да се најде модел за навремена, квалитетна и поефикасна реализација на капиталните инвестиции. Од асоцијацијата  побараа да се најде начин за олеснување на административните процедури. На средбата беше истакнато дека  во наредните 4 години треба  да се обрне посебно внимание на обновливите извори на енергија. Исто така беше посочено да се обрне внимание и на здравствениот туризам, односно  специфичните  здравствени услуги како пример пластична хирургија или стоматолошки услуги кои може да привлечат дополнителен број на посети, информираат од партијата.

Беше дискутирано и во насока на развој на гастрономскиот туризам, но и потребата да се најде модел за субвенционирање во занаетчиството, бидејќи во моментот државата се соочува со недостаток на занаетчии кои се иселуваат под притисок на сиромаштијата.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш е тука да ги слушне барањата на граѓаните кои се насочени кон подобар живот во државата. Како партија која се залага за народот, ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага овие барања бидат реализирани и спроведени во секојдневието. Сето ова ќе се случи по 12 Април, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, посочуваат од партијата.