Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на Собранието, ќе одржи состанок со претставниците од Секретаријатот на Енергетската заедница.
На седницата, на која ќе присуствува и директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Артур Лорковски ќе биде извршена презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија за 2023 година.