Живот 07.09.2018 17:15

Приказна во 15 секунди

Приказна во 15 секунди

Што е слобода во воспитувањето на децата?

Воспитување

Еднаш еден поет, го посетил љубител на неговите песни. Во разговорот се осврнале и на децата.

-“Мислам”, рече посетителот, “дека на децата мора да им се даде слобода. Така ќе научат самостојно да одлучуваат за себе. И единствено така ќе научат како да ги развијат сите свои способности.”

Поетот го прекина со зборовите: “Би сакал да ти ја покажам мојата градина”, и го поведе. Гледајќи во неа, гостинот извика:

-“Па, во оваа градина не расте ништо друго освен плевел!”

–“Еднаш тоа беше градина”, му одговори поетот, “а ова лето помислив да оставам сѐ што е во градината да расте како што сака и не се грижев за него. Тоа се плодови.”

Приказна од книгата “Мали авантури за душата” од Божо Рустја.