Актуелно 08.02.2024 11:58

Пристигнаа налепниците со „НМК“, од утре започнува дистрибуцијата до техничките прегледи

Пристигнаа налепниците со „НМК“, од утре започнува дистрибуцијата до техничките прегледи

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Како што изјави Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните да ги чини од 30 до 50 денари.

Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници. ()