Актуелно 20.12.2018 11:54

Притисоците и заканите од страна на СДСМ излегоа на виделина (ВИДЕО)

Притисоците и заканите од страна на СДСМ излегоа на виделина (ВИДЕО)

Милошоски наведе уште еден пример на реваншизам на власта и тоа за Цане од Кичево и Игор од Неготино. Двајцата се вработени во државни агенции во своите места на живеења во општините. Заради обавување на постови, изразување на политички став по работно време дека ќе го бојкотираат референдумот, по истиот на Игор од Неготино му е дадено решение да работи во Прилеп и да се враќа секој ден во релација Неготино – Прилеп – Неготино. А, Цане е прераспределен да оди секој ден на работно место кое му одалечено 40 км. И тоа усно кажано дека тоа ќе го имаат како „заслуга“ затоа што имале став спротивен од директорите.

Костадинов посочи сите обесправени да покренат постапка ако има било каде таков пример, слободно тие вработени нека покренат постапка и во постапка да докажат дека биле избркани заради идеолошки разлики со владејачката партија.

-Да го земеме примерот со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, после работно време држи прес конференции за лошите политики во земјоделието врз основа на податоци бидејќи е стручен во тој дел. И Цветан Трипуновски добива отказно решение заради спротивен став, потенцира Милошоски.

По овој пример Костадинов не знаеше што да одговори, бидејќи на виделина излегоа сите притисоци кои ги врши власта врз неистомеслениците.