Живот 10.04.2021 14:50

ПРИВАТНИ СНИМКИ: Мистеријата за тоа како денес изгледа Михаел Шумахер конечно ќе биде решена

ПРИВАТНИ СНИМКИ: Мистеријата за тоа како денес изгледа Михаел Шумахер конечно ќе биде решена

Наскоро треба да се појави документарниот филм „Шумахер“ во кој за прв пат ќе има екслузивни снимки од поранешниот Ф1 шампион.

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер повеќе од седум години се опоравува од тешката повреда на главата која ја здоби за време на скијање на француските Алпи, но по барање на неговото семејство, неговото лекување се одвива во неговиот дом.

Сопругата Корина и останатите членови од семејството, не даваат никакви изјави или податоци за здравдствената состојба на Михаел, а само на мал број пријатели и роднини им е дозволена посета во нивниот дом во Швајцарија.

Сепак, наскоро сите фанови ќе може да дознаат повеќе за здравствената состојба на Михаел бидејќи треба да се појави документарниот филм „Шумахер“ и во него за прв пат ќе има приватни снимки од седумкратниот Ф1 шампион.

„Михаел Шумахер не е виден во јавноста уште од страшниот инцидент на француските Алпи кога се здоби со тешки повреди на главара и мозокот. Актуелната здравствена состојба останува мистерија бидејќи членовите на семејството одбраа тоа да го задржат за себе. Но, наскоро милиони фанови на Шуми ќе можат да видат нови снимки од нивниот херој, како дел од најавениот докуменатарен филм“, пишува британски „Експрес“ кој тврди дека одлуката за камери да влезат во домот каде се лекува Михаел ја донело целото семејство.

„Семејството на Шумахер е тоа дозволи камерите да го снимат Михаел. Тие приватни снимки ќе се појават во новиот документарец, а дозвлола да снимаат добија германските кинематографи Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертонс“.

Засега е познато дека во документарниот филм „Шумахер“ покрај снимките од седумкрантиот шампион ќе се појават и сопругата Корина, синот Мик кој вози за Хас во Ф1, ќерката Џина-Марија и братот Ралф Шумахер.