Финансии 12.04.2018 01:35

Продавницата „IDEA London“ во Белград доби банкомат за криптовалути

Продавницата „IDEA London“ во Белград доби банкомат за криптовалути

Во IDEA London, продавница во Белград, отсега може да се користи биткоин банкомат. Овој банкомат бил официјално отворен пред околу една недела и преку него може да се купуваат и продаваат криптовалути како биткоин и лајткоин, пренесува српски  Денес.

„Биткоин и лајткоин се валутите на новата генерација, па затоа е важно и Белград да има еден ваков двосмерен банкомат кој ни дава можност да бидеме дел од глобалниот пазар“, изјавила Наташа Павловиќ, директор за маркетинг и комуникации на брендот IDEA.