Продажбата на американска воена опрема за странски влади се зголеми за една третина на 55,6 милијарди долари во фискалната година што заврши на 30-ти септември
Растот од 33% е забележан во услови на послаби ограничувања на продажбата што почнуваат да влијаат на договорите за оружје.
Американската администрација на Доналд Трамп, започна во април оваа година својот нов план „купи американско“, кој ги ублажува ограничувањата за продажба на голем број на стоки. Во исто време, американските официјални претставници се охрабруваат да преземат поголема улога во промовирањето на американското оружје во странство.
Доналд Трамп сака да направи од САД – кои веќе е лидер во меѓународната оружје трговија, уште поголем играч покрај загриженоста од страна на бранителите на човековите права и контролата на ширење на оружјето, посочуваат запознаени од администрацијата.
Постојат два основни начини за тоа странските влади да купат оружје од американски компании: преку директна продажба, договорена меѓу влада и компанија, и продажба на странска армија, каде што обично странска влада се поврзува со американското Министерство за одбрана во американската амбасада во соодветната престолнина.
Двата вида трансакции бараат одобрение од владата на САД.
Само оваа година 70 милијарди долари од продажбата на странски армии беа презентирани во Конгресот, нешто помалку од претходната.
Сумата од 55,6 милијарди долари е договор за продажба на воена опрема за странските влади меѓу САД и сојузниците.
Меѓу најголемите реализатори на договори за американско оружје се „Boeing Co“, „Lockheed Martin Corp“, „Raytheon Co“, „General Dynamics Corp“ и „Northrop Grumman Corp“.
Исто така во текот на изминатата година се склучени голем број на договори за продажба на системи за против ракетна одбрана, вклучувајќи со Полска и Романија за купување на системите „Патриот“, произведени од „Lockheed“ и „Raytheon“.