Актуелно 15.05.2018 13:11

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ: „Водовод и канализација“ го продолжи рокот за плаќање на заостанат долг до 29 мај

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ: „Водовод и канализација“ го продолжи рокот за плаќање на заостанат долг до 29 мај

– Акцијата што започна на 2 април и требаше да трае до 15 мај за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните се продолжува до 29 мај 2018 година, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода по основ на тужени сметки и редовени сметки ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Со Јавното претпријатие наведуваат дека со оваа одлука сакаат да се излезе во пресрет на сите нивни корисници.ск