Актуелно 14.09.2018 18:51

Продолжение на ексклузивните информации од Викиликс: Ахмети и ДУИ биле против промена на името за влез во ЕУ и НАТО

Продолжение на ексклузивните информации од Викиликс: Ахмети и ДУИ биле против промена на името за влез во ЕУ и НАТО

„Нема промена на името заради НАТО, опозицијата па дури и ДУИ се жестоко против ова“, и рекол Димитров на Миловановиќ, во јануари 2008-та година, на еден од низата состаноци во пресрет на НАТО самитот во Букурешт – кога Македонија доби вето од Грција. Димитров и го кажал ова брзо по меѓуминистерскиот состанок на македонскиот НАТО –комитет- во кој учествувала и опозицијата- што се одржал на 10 јануари истата година.

Истиот Димитров, и истиот коалиционен партнер на Заев – Ахмети, кои сега од позиција на власт убедуваат дека промената на името е уникатниот клуч за вратата на НАТО.

„Димитров рече дека претставниците на опозициската партија, вклучително и оние на партијата на етничките Албанци-ДУИ, биле многу пожестоки отколку владините претставници во одбивањето на било каква промена на името заради понудата од НАТО. Тој додаде дека Владата на Македонија се противи на било каков обид да се наметне краен рок за решавање на проблемот со името пред НАТО-самитот“, пишува во доверливите извештаи на Миловановиќ.

Амбасодорката му нагласила на Димитров да се разгледа опцијата за носење на решение во корелација со посредникот Нимиц и Грците пред Самитот- за кое ќе има значителна согласност од сите, ама да не се објавува пред поканата да биде ставена на маса. Но нејзиниот соговорник не се сложил.
„Димитров рече дека тоа е малку веројатно, и дека заканите за вето всушност ја зајакнале внатре-партиската кохезија во Македонија за задржување на уставното име непроменето“, стои во писмата.

Димитров, и нагласил дека ако Атина стави ултимативно вето за Македонија, Скопје ќе ја разгледува варијантата за поништување на Времената спогодба од 1995 година, и проблемот ќе го процесуира до Безбедносниот Совет на ОН.

„Грчките предлози за промена на името во „Нова Македонија“, „Горна Македонија“ и „Славо-Македонија“, не се стартни преговарачки позиции, рече Димитров, заради грчкото инсистирање на билатерална но и на мултилатерална употреба.“ известува Миловановиќ во писмата до Стејт Департментот, ЦИА и другите американски агенции.

Опишувајќи го како „видно емотивен“, Миловановиќ вели оти Димитров и рекол дека влезот на земјава во НАТО после присилба да прави компромиси за името, е контрадикторно со принципите на Алијансата како организација на демократски држави. Тогаш, ова за него било спротивно на НАТО вредностите и испраќало негативен сигнал до аспирантите. Сега, е врвна солуција – пред која луѓето треба да се убедат оти вреди да се поклонат.

Инаку вчера Алфа објави дека Димитров и тогашниот претседател Црвенковски, биле против одржување на референдум.