Актуелно 26.05.2025 08:27

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

На петтата седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”.

Надзорната расправа почна на 20 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации, со цел да дадат искази и одговори на комисиските членови и на другите пратеници.

Станува збор за втора надзорна расправа за аерозагадувањето, откако на 25 февруари годинава, се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, шго не беше поддржана од владејачкото мнозинство.