Актуелно 22.10.2018 16:54

Продолжува хаосот во градинките: Гледа ли Царовска кој се грижи за децата?

Продолжува хаосот во градинките: Гледа ли Царовска кој се грижи за децата?

Продолжува хаосот во градинките… Од полициската станица Прилеп вчера пријавиле дека на 18 октомври во детската градинка во Прилеп дошло до расправија помеѓу двајца вработени, при што дошло и до физички напад врз едната вработена.

Пред само неколку недели во јавноста се појави скандалот во детската градинка во „Буба Мара“ во Ново Лисиче каде две негувателки грубо се однесувале кон деца, и истите биле затворени во шкафче да ги јадат бубачките.

Кога станува збор за скандалите во градинките не може, а да не се спомне видеото кое излезе за градинката „Цветови“, каде негувателка со навредливи зборови го смируваше детскиот плач.

Од министерството за труд и социјална политика и ресорната министерка Мила Царовска се очекува да се произнесат како за најновиот така и за претходните скандали во градинките.