Актуелно 04.11.2018 16:16

Продолжуваат катастрофалните политики на СДСМ кон младите: Во Собранието одбиени амандманите за студентските домови

Продолжуваат катастрофалните политики на СДСМ кон младите: Во Собранието одбиени амандманите за студентските домови

Според опозицијата денешната дебата на комисијата за Финансирање и буџет го покажа целото лицемерие на пратениците на СДСМ. Иако пред речиси година и пол додека беа во опозиција не пропуштаа прилика да потенцираат дека младите им се фокусот, дека ќе изградат нови студентски домови, ќе ги вратат младите од странство во Македонија тие не само што тоа не го направија туку ништо не прават ни да ги задржат оние кои се овде.

Амандманот поднесен од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, а кој се однесува на реконструкција и одржување на стдентските домови во вредност од 40 милиони денари е експресно одбиен од СДСМ. Зошто и како е одбиен ниту тие немаа одговор. Единствено во нивното образложение е дека нема пари за студентскиот дом “Стив Наумов“ кој е сместен во скопската населба Автокоманда и не може да бидат одобрени поради тоа што, верувале или не, тој студентски дом не постои. Колку за потсетување овој студентски дом беше отворен во 2015-та година со капацитет на сместување од  140 студенти и со вредност на инвестицијата од 130 милиони денари, ама според СДСМ тој не постои.

Новиот ребаланс на буџетот што го спрема СДСМ не само што не е предвидена никаква изградба на нови студентски домови туку се крати и од постоечките. Така на пример со нивниот предлог се кратат 57 милиони денари од оваа ставка и тоа по сите основи од изградба до одржување. Во нивната програма која самите ја напишаа и им ја презентираа на граѓаните напишаа дека ќе почнат со изградба на модерен студентски град со спортски сали каде беше предвидено дека ќе се изгради за фантастичен рок од 6 месеци.

Ова го пишува во делот кај итните реформски приоритети на страна 224:

-„Во Скопје, кај студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ ќе изградиме студентски град. Ова ќе значи повеќе интервенции во просторот, со комплетно нови модерни архитектонски решенија, како и функционални содржини: спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри “

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ освен изградбата на студентскиот дом Стив Наумов, реконструирани се  и делови од постојните објекти на студентските домови. Беше пуштен во употреба реконструираниот блок Б од студентскиот дом Гоце Делчев, лифтовите во сите домови беа сменети. Се воведоа 40 различни видови стипендии, а беше воведена стипендија за упис на еден од 100-те светски најдобри универзитети каква што користи и ќерката на Никола Димтров во моментов. Се намали партиципацијата на факлутетите, се овозможи бесплатен превоз за студентите каде што има јавни претпријатија, а се воведе бесплатен железнички превоз секој прв и трет викенд во месецот, се реконструираше библиотеката Браќа Миладиновци.

Според ВМРО-ДПМНЕ  ветувањата и реалноста се сосема две различни работи. Очигледно дека грижата на студените на СДСМ И е во втор план а тоа го докажаа со денешната амандмантска расправа. На овој начин не само што младите дополнително ќе се иселуваат од Македонија туку и тие што се заминати нема никогаш да се вратат.